На продажба пет објекти на ДКП на поранешна СФРЈ

Пет објекти кои и припаѓале на дипломатско-конзуларната мрежа на поранешна СФРЈ ќе бидат продадени, а средствата од продажбата ќе бидат распеделени на шесте држави наследнички, меѓу кои и Република Македонија.
Според договорот постигнат на состанокот на Мешовитиот комитет за сукцесија на дипломатскиот имот на поранешна СФРЈ што овој месец е одржан во Скопје, станува збор за имот на дипломатско-конзуларните претставништва во Њујорк, Бон, Берн и во Токио чија пазарна вредност се проценува меѓу 70 и 80 милиони долари.
Како што објави денеска „Вечерње новости“, во Њујорк покрај станот на Петтата авенија, кој е затворен од 1992 година, на продажба ќе биде ставена и зградата во која во моментов е сместена Амбасадата на Србија во ОН чија вредност е околу 11,8 милиони долари. Објектот во Токио кој се проценува на 16 милиони долари, како и оној во Берн, кои одат на продажба, исто така, ги користи Србија како свои амбасади. Инаку, Србија, меѓу другото, бара од сумата од продажбата на петте објекти прво да се издвои дел за покривање на нивните трошоци за одржување на станот во Њујорк кои според нив изнесуваат околу 2,7 милиони долари, како и на станот во Бон, а потоа да се дели остатокот.
- На состанокот во Скопје е договорено и да се започне процедура за продажба на уште четири недвижнини за кои никој од сукцесорите не бил заинтересиран да ги преземе. Тоа се дипломатските и конзуларните имоти во Централноафриканска Република, Гвинеја, Замбија и Гвајана, пишува весникот.
Од вкупно 123 недвижнини во процесот на сукцесија досега се поделени 72 објекти. Најголем дел од нив и припаднаa на Србија 30, на Хрватска 18, Словенија и Босна добија по 10, а Македонија доби четири објекти - амбасадите во Канбера и во Атина, стан во Рим и генералниот конзулат во Цирих. Според усвоениот модел, имототот, но и долгот на поранешната СФРЈ треба да се дели според учеството на секоја од републиките во формирањето на општествениот производ на тогашната федерација. Македонија, според нашето МНР, треба да добие осум проценти од имотот. Амбасадата во Париз, која Македонија ја доби во владение, е надвор од оваа група ДКП кои е на поделба, бидејќи секоја од земјите наследнички седоа по една амбасада пред да почне поделбата на дипломтаскиот имот низ светот.
Следниот состанок на Мешовитиот комитет за сукцесија на дипломатскиот имот на поранешна СФРЈ треба да се одржи во јуни во Словенија.
Ново на Сител
-

Сомнеж за труење со храна во ТИРЗ Штип, вработени побарале лекарска помош
-

НАСА на 9 јуни ќе го претстави екипажот за „Артемис 3“
-

Одредени селекторите на македонските младински кошаркарски репрезентации
-

Стабилно и посвежо време до сабота, од недела повторно пораст на температурите
-

Ристески: Потрошувачката кошничка е готова, очекуваме позитивни сигнали од ЕСС
-

Околу 22 илјади ќе бидат мобилизирани во Франција на денот на финалето на Лигата на шампионите
-

МВР воведува кодекс: Без тесни и куси здолништа, гол стомак, шорцеви, влечки, при вадење лични документи
-

Спотифај воведе нова опција
