На преминот Ќафасан запленети 15 килограми марихуна од Албанија
На граничнот премин Ќафасан, на македонско-албанската граница кај Струга, македонските органи вчера, заплениле 15 килограми марихуана, откриена во автомобил на албански државјанин.
Според албанската полиција, македонските власти го уапсиле Арбен Башлари(53) од Подградец во чиј автомобил „волво“ била откриена дрогата.
Во акцијата насловена „Селек“ релизирана во соработка на албанската и македонската полиција, од македонската страна на преминот биле вратени четири лица исто така од Подградец. Четворицата биле во возило „мерцедес“ кое се движело веднаш зад волвото. За сите нив албанската полиција имала сознанија дека се занимаваат со шверц на дрога, пренесуваат албанските медиуми, повикувајќи се полициски извори.
При контрола на домовите на овие четири, во домот на двајца браќа биле пронајдени и запленети 10 килограми марихуана, автомат и 27 куршуми.
Ново на Сител
-
Мицкоски за закани од Ахмети: ДУИ повторно прави упад во правосудниот систем
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Државата нема да ги покрива придонесите за поголем минималец
-
СДСМ: Инспекторатите работат на црно, сите контроли се незаконски
-
Стартуваат градежни активности во Општина Илинден
-
За 25% намалена цената на свинското месо жива мера
-
Преглед на вестите од светот