На повикот за проекти во вкупна вредност од 250 милиони евра во текот на вчерашниот ден аплицирале 10 до12 општини
Утре истекува рокот во којшто општините треба да го пополнат апликативниот формулар за јавниот повик за реализација на проекти во вкупна вредност од 250 милиони евра што го распиша Министерството за локална самоуправа.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува овој процес да заврши успешно. Како што денеска изјави само во текот на вчерашниот ден апликации поднеле 10 до12 општини.
- Во текот на вчерашниот ден имаше некаде околу 10 до 12 општини коишто веќе ги поднеле своите апликации. Очекувам денеска тој процес да забрза и утре да заврши успешно. Потоа следи евалуација на истите, да видиме со што располагаме и потоа започнуваме со реализација на ветеното, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.
По добивање на апликативните формулари, почнува процесот на евалуација која се очекува да заврши во рок не подолг од 10 дена и врз основа на истата, ресорните министерства изготвуваат предлог одлука кои проекти ќе се финансираат од нивна област и таа предлог одлука се доставува на усвојување на владина седница.
Средствата ќе се доделат преку шест ресорни министерства и тоа: Министерството за култура и туризам, Министерството за транспорт, Министерството за социјална политика, демографија и млади, -Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за спорт.
За следење на целиот процес, како што изјави неодамна на прес-конференција министерот за локална самоуправа Златко Перински, формирано е владино координативно тело, коешто ќе го предводи Министерството за локална самоуправа и во истото ќе членуваат претставници од сите ресорни министерства.
Ново на Сител
-
ОЈО Скопје ќе бара од МВР распишување национална потерница и меѓународна потерница за Груби и Бајрами
-
Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Брисел
-
10 години Брза Кујна | Никола Мишковски и Сања Савеска | ПРОфесија | Sitel Podcast 075
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар - Скопје и тројца вработени
-
Кривични пријави за Груби, Ковачевски, Прпарим и уште пет лица
-
Театрите и Филхармонијата со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024
-
Расчистено убиство во обид во Скопје, поднесена кривична пријава против две лица