На повидок раскол во обединетата албанска опозиција

Раскол во албанската обединета опозиција или нова тактика е прашањето кое си го поставува албанската јавност по последната одлука на три политички партии да пријават учество на локалните избори закажани со последната уредба на претседателот Илир Мета и не пријавувањето на Демократската партија,која ја предводи опозицијата. Одговор на тоа најверојатно ќе се знае набрзо.
Од третата по големина политичка партија во земјата и втора во обединетата опозиција, Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), не сакаа да коменираат дали опозицијата е поделена околу локалните избори на 13 октомври.
– ЛСИ поднесе барање за регистрација за учество на локалните избори на 13 октомври. Она што е важно е дека 13 октомври е легитимен ден на изборите за локалната власт според уредбата на претседателот Илир Мета и го почитуваат сите, изјави за новинарите генералниот секретар Ендрит Браимлари по доставувањето на пријата во Централната изборна комисија (ЦИК).
Браимлари ги повика членови на ЦИК од редовите на владејачката социјалистичка партија да се придржуваат кон уредбата на Мета,зашто како што рече, во спротивно тие сносат кривична одговорност.
Денеска, кога е крајниот рок политичките партии да се регистрираат за локалните избори за 13 октомври, до ЦИК освен ЛСИ барање поднесоа и Републиканската и аграрната партија,кои се дел од обеднетата опозиција.
Од друга страна лидерот на Демократската партија,Љуљзим Баша, порача дека изборите не се прашање на бројки, туку на стандарди.
-Битката за слободни избори не е партиска кауза, туку е битка на секој Албанец. Решението не е „оди си ти, за да дојдам јас“, туку таа е клучна битка за Албанија денес и утре, Албанија на европски стандарди, рече Баша на средба во градот Круја,коментрајќи ја изјавата на Браимлари.
Според Баша, „решението на кризата во која е потоната земјата започнува со казнување на политичарите фатени во купување гласови и во соработка со организираниот криминал, заради власт и лично богатење“.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
