На повидок правило кое во голема мера ќе ги промени натпреварите во Премиерлигата
Статистиката докажува дека одреден период од натпреварите на не баш фер и коректен начин се употребува, наместо за игра, се користи за трошење време и чување резултат во своја полза, сето тоа би можело да се промени, најавуваат на Островот.
Премиерлигата наводно се подготвува за воведување на едно големо правило, со кое би можело да се забранат замени во текот на дополнителните периоди по регуларните 90 минути игра.
Процентот на замени направени по 90. минута расте, од 21,3 во 2011/12, тој се искачи на 24,3 до ланската сезона, па со тоа челниците на англискиот фудбал сериозно размислуваат на оваа тема, за да се сопре намерното трошење време во тие периоди од натпреварите.
Times пишува дека високи челници на ФА веруваат дека речиси секоја замена во дополнителниот период се врши за да на тактички начин се задржи време, а од таму сугерираат дека секој фудбалер кој е предвидено да го напушти теренот, тоа да го стори во најблиската линија од теренот, отколку да задржува време дур стигне до местото предвидено за тоа.
На Островот пишуваат дека сево ова ќе биде разгледано идниот месец на состанокот кој ќе го имаат високите челници на ФА, во подготовката за годишната средба на англиската фудбалска асоцијација предвидена во март.
„Барањето начини како да се сопре задржувањето време, да се убрза играта и да се зголеми периодот на игра е еден од нашите приоритети“ вели еден од челниците на ФА.
„Едно од правилата кое би можел да го издвојам е да повеќе не се прават замени во текот на дополнителниот период, тоа е интересен предлог и би можел да функционира. Вообичаено судиите додаваат по 30 секунди за една замена, но, во пракса тоа би можело да се зголеми“ додава тој.
Ново на Сител
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници
-
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице
-
Министерката за образование и наука го честита Меѓународниот ден на студентите
-
Гостиварец физички ја нападнал сопругата, следува соодветен поднесок