На повидок договор за прекин на штрајкот во правосудството во Хрватска

Хрватскиот министер за правда Иван Маленица најави можност за договор и прекин на штрајкот на вработените и службениците во правосудството, кој влезе во осмата недела и е најдолг во историјата на оваа земја.
Маленица рече дека на вчерашната средба со претставници на синдикатот се разговарало за зголемување на платите од 12 отсто на судските службеници, кои ќе бидат исплатени во август, заедно со другите најавени зголемувања.
Маленица извести дека ќе испрати писмена понуда до синдикалците, а нивниот одговор го очекува до крајот на неделата.
– Се најдовме на зголемување на платите на службениците и функционерите во судството за приближно 12 проценти. Подготвени сме да вклучиме и синдикални претставници во изработката на новата регулатива, подготвени сме да разговараме за работните места во новата регулатива и за зголемувањето на новата регулатива, изјави Маленица за ТВ „Дневник Хрватске Нова“.
Исто така, рече, ќе ја разгледа можноста на барање на синдикатот Владата да ја укине одлуката за неисплата на платите на вработените кои штрајкуваат. – Подготвени сме тоа да го разгледаме за да го прекинеме штрајкот и тоа е на маса, вели Маленица.
Хрватскиот министер посочи дека целта на Владата е да работи на регулативата и просечната нето плата во судството да биде 1.000 евра.
Ново на Сител
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
-

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива
-

Македонскиот народен театар одбележува 81 година
-

Зеленски: Ситуацијата на бојното поле е најдобра во последните 10 месеци
-

Секој електронски потпис издаден во Македонија ќе биде признаен како целосно валиден во Црна Гора и обратно, најави Андоновски
-

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против обвинетиот Денис Асанов за извршено убиство
-

Иран собори борбен авион Ф-35 со нов одбранбен систем
