На породување ја дозна болната вест, а потоа трагедиите почнаа да се нижат: Пејачката ја откри болната судбина
Биљана Сечивановиќ со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ се проби на естрадата, меѓутоа малку кој знае дека оваа пејачка во животот доживеала многу тешки мигови.
Трагедиите не ја заобиколија пејачката, а таа се потруди со нив храбро да се ноди. Еден од најболните мигови во нејзиниот живот бил кога на породувањето, додека на свет го донеал својот син Матеја, дознала дека синот на нејзината родена сестра починал.
-За жал, не можев да му се радувам на моето бебе кое го донесов на свет, зошто истиот ден поворката тргна да го однесе два метри под земја едно мало детенце, синот на мојата родена сестра, двегодишниот Никола, раскажа таа.
Биљана се породила во Австрија, па тоа уште потешко и паднало што во тие мигови не можела да биде со своето семејство.
-Му јавија на некој во моето опкружување да ми соопшти. Јас веќе видов колку е часот и што се случува и почнав да викам на сиот глас и таа ноќ не можев воопшто да спијам, па набрзо ми почнаа болките и породувањето. Тешки мигови, сам во туѓ свет без никого свој. Се трудам да заборавам на тоа, но секој роденден на Матеја ме потсетува на тој момент, рече Биљана во својата тажна исповед.
По оваа голема семејна трагедија, сестрата на Биљана се разболела од рак, но по првобитната сречќа поради нејзиното излекување, следел уште еден тажен настан. На пејачката и починал таткото кој исто така водел тешка битка со ракот.
Биљана вложила се што има и потрошила илјадници евра за лекување на својот татко, но за жал без успех. Иако се труди да го заборави минатото, сега призна дека не може да прежали една работа.
-Жалам што не поминав повеќе време со својот татко пред да почине, признава Биљана.
Ново на Сител
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор