На Попова Шапка најстудено - 5 степени, во Гевгелија најтопло со измерени 7
На Попова Шапка утрово најстудено со измерени - 5 степени Целзиусови, во Гевгелија најтопло со 7 степени.
Во Маврови Анови, Лазарополе и Крушево се измерени - 2 степени, 0 во Крива Паланка, Виница и Берово, 2 степени во Битола, Прилеп и Штип, 3 во Тетово и Куманово, 4 степени Целзиусови во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Демир Капија, Струмица и Кавадарци.
УХМР информира дека во изминатите 24 часа до 08 часот утрово најмногу дож наврнал 12 литри на метар квадратен во Крива Паланка, 8 во Штип и Виница, 5 Велес, 2 Кавадарци и Крушево, 1 Скопје-Петровец, Демир Капија и Берово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со појава на магла по котлините. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје претежно облачно и тивко, во делови од котлината со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Ново на Сител
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат
-
Дали има етички пропуст на лекари за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце?
-
Преглед на вестите од светот
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари