-->
-->
На Пониква се продаваат 23 плацеви за викендички
-->

Општина Кочани ја интензивира продажбата на градежни парцели за изградба на викенд куќи во Спортско рекреативниот центар Пониква на Осоговските планини во кочанскиот дел. Со оглас за отуѓување на државно градежно земјиште општина Кочани нуди 23 плацеви за викенд куќи на Пониква, со површина од 650 метри квадратни.
- Општината се определи до крајот на годината да продаде значително поголем број на плацеви одошто тоа беше практика во изминатите месеци. Освен плацевите за викенд куќи на Пониква се продава уште еден плац од околу 6.000 метри квадратни, наменет за изградба на хотел, изјави Петар Апостолов, секретар на општина Кочани.
Општината, истакна Апсоотолов, нуди за продажба и 45 плацеви од кои 18 се предвидени за изградба на куќи, два за домување и мало стопанство. Преостанатите парцели се наменети за лесна индустрија и мало стопанство со површина од 1.200 метри квадратни.
Пријавувањето за учество на лицитацијата за продажба на сите плацеви трае до 24 ноември, а наддавањето ќе се одржи од 30 ноември до 9 декември, информираат од општина Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
-

Студенти по архитектура изработија идејни решенија за мултимедијален центар во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Дали поддршката на ВРЕДИ за ДУИ во Брвеница ќе донесе предвремени парламентарни избори?
-

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
