На патот Ќафасан – Струга најдени 50 грама кокаин кај албански државјанин
Струшката полиција пронашла 50-тина грама кокаин кај 23 годишен албански државјанин, соопшти денеска СВР Охрид.
Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, ОВР Струга поднела кривична пријава против К.Р.(23) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
– Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со ОВР Струга и Регионален центар Запад на патот Граничен премин Ќафасан – Струга запреле возило „голф“, во кое бил пријавениот и при преглед кај него биле пронајдени 49,76 грама кокаин, информира Димоски.
На К.Р., додаде, му е изречена мерка притвор.
Ново на Сител
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец
-
Во Македонија нема доволно пречистителни станици за отпадни води
-
Преглед на вестите од светот