На овој начин мажите си ја намалуваат плодноста

Кога има проблеми со зачнувањето 50 – 50 е можноста проблемот да потекнува од мажот или жената. Кога се мажите во прашање и добивање на улогата татко, често неквалитетната сперма знае да направи проблеми.
Еве неколку начини на кои тие самите влијаат негативно врз нејзиниот квалитет:
Носење на телефонот во предниот џеб
Неодамнешно истражување откри пад од 9 проценти во квалитетот на спермата како последица од зрачењето на телефонот поставен толку блиску до тестисите.
Пушење
Докажано е дека пушењето има негативно влијание врз спермата. Колку поскоро мажот престане со пушење, толку побргу ќе започне регенерацијата на сперматозоидите.
Зголемена телесна тежина
Прекумерната тежина ја намалува продукцијата на спермата, најверојатно затоа што маснотијата продуцира естроген. Исто така многу дебелите мажи се посклони кон еректилна дисфункција.
Минување време на многу топли места
Спермата може да се испржи од предолго седење во врело џакузи или во сауна, се разбира, ако ова се случува често. Машките тестиси не можат да функционираат нормално ако не се неколку степени постудени од останатиот дел од телото.
Консумирање многу алкохол
Мажите кои пијат многу целокупно се помалку здрави од останатите, па се разбира ова се однесува и на квалитет на спермата. Зборуваме за постојано и прекумерно консумирање алкохол.
Извор: Вистина.мк
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
