Свет
14. August 2015 - 10:26

На местото на експлозијата во Тјенцин се уште има пожари

Триесет и шест часа по експлозиите во индустрискиот дел на кинескиот град Тјенцин се уште беснеат пожари, а спасувачите пронашле еден преживеан 19-годишен пожарникар.

Официјални претставници претходно соопштија дека во несреќата загинале 17 пожарникари, а Министерството за јавна безбедност истакна дека други 18 се водат како исчезнати. Шефот на пожарникарната служба во Тјенцин, Жу Тјан изјавил дека повеќе од 1.020 пожарникари и 140 пожарникарни возила се уште се борат со огнот. 

Најмалку 3.500 жители на градот ја поминале ноќта во времени засолништа.

Магацинот кој експлодира е во сопственост на компанијата „Рухај Лоџистикс“, која се занимава со преработка на токсични хемикалии.