На македонска иницијатива во Познањ ќе биде усвоена Декларација за интеграција на Ромите во процесот на проширување на ЕУ
На иницијатива на Северна Македонија на годишниот Самит за Западен Балкан што денеска и утре се одржува во полскиот град Познањ, ќе биде усвоена Декларација на земјите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во процесот на проширување на ЕУ.
Декларацијата беше предложена од македонскиот премиер Зоран Заев на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија на 17 мај 2018 година и иницираше регионална посветеност за интеграцијата на Ромите, како дел од процесот на проширување на Унијата.
Документот ќе биде потпишан утре на Форумот на лидерите од земјите на Западен Балкан.
Како што соопшти Секторот за односи со јавноста на македонската Влада, иницијативата за оваа декларација, со силна поддршка на Европската комисија и на Советот за регионална соработка, определува амбициозни, но реални цели за интеграција на Ромите, што земјите од регионот треба да ги постигнат пред пристапувањето во ЕУ.
Декларацијата ги опфаќа и основните принципи неопходни за постигнување на поставените цели, вклучувајќи внатрешна координација, распределба на буџетот, следење и известување, учество на Ромите и ги поставува основните принципи за постигнување на стратешката цел на „Националната стратегија за Роми 2014-2020“: Намалување на јазот меѓу ромската и не-ромската заедница, зајакнување на процесот на мониторинг на спроведувањето на јавните политики и активности на владите во регионот со што се придонесува кон подобрување на положбата на Ромите.
Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми во Владата на РСМ, Музафер Бајрам е и Национална контакт точка за Роми за координација на акциски планови за реализација на одредбите од Декларацијата на земјите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во рамки на процесот на проширување на ЕУ, што ќе биде усвоена на Самитот во Познањ.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер