-->
-->
На Лезбос во октомври регистрирани рекорден број нови мигранти
-->

На грчкиот остров Лезбос во октомври пристигнале рекорден број бегалци годинава, покажаа официјални податоци објавени денеска.
Во октомври на Лезбос пристигнале 2.216 мигранти, за разлика од септември кога нивниот број изнесувал 2.170. Во август се регистрирани 1.053 мигранти, во јули 1.130, во јуни 940, во мај 534, во април 281, во март 336, во февруари 252 и во јануари пристигнале 456 бегалци и мигранти.
На сите острови во северниот дел на Егејското Море во октомври пристигнале вкупно 3.478 мигранти. Од нив 1.069 се на Хиос и 193 на Самос.
Турската крајбрежна стража соопшти дека во октомври интервенирала во 61 инцидент во турски територијални води и назад во Турција вратила 2.729 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
