-->
-->
На Лезбос во јуни пристигнале 940 бегалци и мигранти
-->

На грчкиот остров Лезбос во јуни се регистрирани најголем број нови бегалци и мигранти во споредба со другите месеци од 2017 годна, соопшти Генералната полициска управа на северниот дел на Егејското Море.
Според податоците, на островот минатиот месец пристигнале 940 бегалци и мигранти, во споредба со 456 во јануари, 252 во февруари, 336 во март, 281 во април и 534 во мај.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, на Хиос, пак, во јуни пристигнале 309 мигранти, наспроти 324 во јануари, 275 во февруари, 825 во март, 505 во април и 948 во мај.
На Самос се регистрирани речиси идентични бројки, односно во јуни имало 249 нови бегалци, во споредба со 232 во јануари, 172 во февруари, 247 во март, 243 во април и 249 во мај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски и Мерц го потврдија единството пред средбата на украинскиот претседател со Трамп
-

Сиљановска-Давкова и Мисајловски на видеоконференциска врска со мировниците и предновогодишна средба со нивните семејства
-

Намалена видливост поради магла на Плетвар и во Крушево
-

Сончево и ветровито, утринските температури до -5 степени, дневните до 10
-

Ѓорѓиевски: До април 40 нови камиони за „Комунална хигиена“, до првата половина на годината нови автобуси
-

Уапсен полициски службеник за сторено кривично дело „изнуда“, барал 20.000 евра од оштетеното лице
-

Зеленски ќе разговара со Трамп за територијалните прашања
-

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол
