На координацијата во Собранието предложено локалните избори да бидат во октомври
Парламентарните партии кои денеска беа на координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери се договориле дека исклучителен приоритет за Република Македонија е постигнување договор за донесување Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој одржувањето на локалните избори ќе биде предвидено за првата половина во октомври, а мандатот на сегашните градоначалници и советници ќе биде продолжен до изборот на новите членови на советите и градоначалниците, соопшти кабинетот на Џафери.
На координацијата присуствуваа претставници на СДСМ и коалицијата, ДУИ, БЕСА, Алијанса за Албанците и ДПА, а ВМРО-ДПМНЕ како што и претходно најави немаше претставник на состанокот.
Кабинетот информира дека Џафери бил запознат со заклучоците од неформалната средба на преставниците на политичките партии која се одржа во саботата, 13 мај, и бил известен дека партиите се согласуваат расправата по предлог-законот да биде ефикасна и да се исклучи секаква можност за нејзино непотребно одолжување.
- Претседателот Талат Џафери истакна дека со цел да се овозможат услови за редовно работење на Собранието на Република Македонија, неопходно е да се почитува Деловникот на Собранието на Република Македонија и ги повика политичките партии кои се застапени во Собранието, согласно член 33 од Деловникот на Собранието на РМ да го известат за формирање на пратеничките групи. Џафери потенцираше дека очекува во краток рок партиите да постигнат договор за формирање на работните тела, со цел измените на Изборниот законик да бидат донесени согласно деловничките процедури, информира Кабинетот.
Во соопштението се додава дека Џафери и претставниците на политичките партии се согласиле оти политичкиот дијалог мора да продолжи во Собранието на Република Македонија и дека сите политички субјекти треба да бидат одговорни пред граѓаните и да придонесат за продолжување на демократските процеси во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата