На Комисијата за финансирање и буџет почнува амандманската расправа за ребалансот
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе продолжи со амандманска расправа по ребалансот на Буџетот за 2024 година, откако во саботата, по три дена работа, ја заврши општата расправа. Амандманската расправа, за која се поднесени 58 амадмани, ќе трае шест дена.
Во текот на општата расправа во дискусиите на пратениците од владејачките партии можеше да се чујат обвинувања дека минатата власт оставила огромна буџетска дупка, која, како што рекоа, сепак ќе биде покриена со домаќинско работење. Опозицијата пак ја обини новата власт дека нема разбирање за потребите на граѓаните и оти давала лажни ветувања во предизборитето.
За власта ребалансот е спас на земјата од банкрот, почеток кој најавува жестока инвестициска офанзива и борба против криминалот и корупцијата, а за опозицијата показател дека Владата е во тотален хаос, без визија и капацитет да спроведе реформи и да ги реализира ветувањата.
На првиот ден од расправата на Комисијата, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го образложи ребалансот, нагласувајќи дека е креиран согласно затекнатите состојби во Буџетот. Како што рече Димитриеска-Кочоска, обезбедени се средства за се што треба да се исплати согласно закон. Во своето експозе, министерката за финансии посочи дека ребалансот е скроен согласно затекнатите состојби во Буџетот.
- Со ребалансот обезбедуваме средства за сите оние и за се она што било предвидено со закон, а немало планирани средства, односно средства за вработените, пензионерите, студентите, компаниите, како и за плаќање на обврските по основ на камати, заеми и слично. Се обидовме и направивме максимални заштеди од се она што немаше динамика на реализација и средствата што стоеја неискористени. Од се она што претставува несуштински расходи, успеавме да најдеме заштеди од 20 милијарди денари и да ги употребиме онаму каде што беа потребни, рече Димитриеска Кочоска.
Вкупните приходи во ребалансот на Буџетот се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.
При усвојувањето на Ребалансот на буџетот од страна на Владата беа усвоени и неколку заклучоци на предлог на Министерството за финансии. Меѓу нив дека при склучување на колективните договори, буџетските корисници треба да ги имаат предвид одобрените буџетски средства и да не преземаат обврски за кои немаат обезбедено средства во буџетот за тековната година, а јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост ќе треба да побараат мислење од Министерството за финансии. На ова реагираа од синдикат на УПОЗ од каде прашаа дали е на повидок суспендирање на колективните договори.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица