На Клиниката за ортопедија направени 100 артроскопски операции на колено - Пациентите истиот ден се пуштаат дома

На Клиниката за ортопедски болести извршена е стотата артроскопска операција на колено како еднодневна хирургија, следејќи ги светските трендови каде се повеќе се фаворизира еднодневна хирургија.
Последните две години рутински почнаа да се изведуваат овој вид интервенции што подразбира прием, операција и испис на пациентот од болница во рок од 12 часа.

- Досега како еднодневни операции се изведуваа само помалите операции на дланка, а сега тоа важи и за посложените интервенции на колено. Изведувањето на овие интервенции со локална, а не со општа или спинална анестезија овозможи тие да се изведуваат на еднодневна база. Изведувањето на артроскопија на колено со локална анестезија нуди повеќе предности, како избегнување можни несакани ефекти од општата или спиналната анестезија од типот на постоперативни главоболки, повраќања, болки во рбетот и слично, како и избегнување на користењето езмарх или турнике на оперираната нога, со што се намалува ризикот од појава на васкуларни компликации, како тромбози и слично, вели д-р Алан Андоновски од Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ.
Предноста е што пациентот не е хоспитализиран во болница туку доаѓа, се оперира и попладне си оди дома. Со тоа се намалуваат и болничките трошоци за неговото лекување.

- Со локална анестезија на нашата Клиника веќе се изведуваат повеќе од 80% од артроскопските интервенции на коленo, а нашата цел е во иднина уште повеќе да се зголеми бројот на вакви интервенции, затоа што сето тоа е во интерес на пациентите и на здрвствените установи, посочува д-р Алан Андоновски.
Нивната желба е пациентите да се чувствуваат како кога одат на стоматолог без стресот од хоспитализација.
Ново на Сител
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
