На Ќафасан уапсени двајца македонски државјани барани со меѓународна потерница
На граничниот премин Ќафасан, кај Струга, на албанска страна, уапсени се двајца македонски државјани, барани со меѓународна потерница, со цел нивна екстрадиција во Австрија и Словенија, информираше албанската полиција.
Станува збор за 53-годишен маж кој се бара заради трговија со дрога од страна на австриските власти и 39-годишен маж кој се бара од словенечките власти за измама против владата.
– Припадниците на граничната полициска станица Ќафасан, во соработка со структурите за истраги на криминал на дирекцијата во Корча, полицискиот комесаријат во Поградец и Интерпол Тирана, приведоа двајца македонски државјани барани со меѓународна потерница. Приведени се Р.Д.(53) жител на селото Штермница, Тетово и С.Р.(39), жител на Лабуништа, Струга, стои во полициското соопштение.
Се додава дека при контрола на нивната документација при влез во Албанија, граничната полиција констатирала дека Р.Д. се бара од австриските власти за трговија со дрога. Тамошниот суд му определил мерка притвор за кривично дело за кое се предвидува затворска казна во траење од 15 години.
Меѓународната потерница против С.Р. ја распишале словенечките власти заради кривично дело „измама против владата“, за што во словеничкот кривичен законик се предвидува до осум години затворска казна. И нему му била изречена мерка притвор.
Двата случаи се под надлежност на Обвинителството во Подградец, кое треба да ги преземе потребни активности за нивна екстрадција.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи