-->
-->
На Кипар врие од местење
-->
Фудбалскиот сојуз на Кипар соопшти денеска дека остро ќе ги казни клубовите ако се потврдат сомневањата за местење натпревари.
На адреса на тамошниот сојуз од УЕФА пристигна допис во кој пишува дека се истражуваат 6 првенствени и еден куп меч од м. септември за кои се сомнева дека се наместени.
Почесниот претседател на кипарскиот сојуз кој е воедно и потпретседател на УЕФА , Мариос Лефкарис рече дека се чувствува посрамено и шокирано.
Лефкарис додаде дека ФС на Кипар добил комплетна документација за наместени дури 75 натпревари од 2011 година.
ФС на Кипар соопшти дека клубовите би можеле да бидат казнети со големи парични казни, одземање бодови и исфрлање од лигата како и суспензија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ нема да гласа за разрешувањата во судството
-
Нов закон за сезонски работници
-
Со 1,6 милиони евра Штип ќе го реконструира акрополот на Исарот
-
Преглед на вестите од светот
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите