-->
-->
„На кафе во Солун“ – нов проект на македонските и грчките железници
-->
Македонски железници – Транспорт е во преговори со грчкото железничко претпријатие „TrainOSE“ за воведување на нови поаѓања од Скопје за Солун, за туристичките центри Лептокарија и Неи Пори, но и за директна врска од Скопје до Истанбул, јавува „Мета“.
Проектот наречен „На кафе во Солун“ ќе овозможи секојдневно железничко поврзување меѓу Скопје и омилената дестинација за шопинг на Македонците. Од МЖ-Транспорт велат дека во летните месеци овој воз би сообраќал до Неи Пори, при што нашата железница би се поврзала со туристичките агенции за превоз на групи до неколку крајбрежни дестинации на северот на Грција. Од МЖ-Транспорт посочуваат дека се водат разговори за воведување во сообраќај на воз Битола – Лерин по пругата која што беше целосно реконструирана на крајот од минатата година.
Локални прекугранични возови се предвидени и со Србија, за што се водат преговори и со тамошните државни железници.
Локалниот воз Скопје – Табановци, да се поврзе преку возните редови, со локалниот воз Прешево – Ниш. На овој начин патниците би се превезувале со веќе постоечките возови и со тоа не би се правеле дополнителни трошоци, велат за „Мета“ од МЖ – Транспорт.
Доколку успеат преговорите со „Србија Воз“, експресниот воз „Хелас експрес“ кон Белград и кон Солун би сообраќал подолго време, а не само во периодот од 15 јуни до 16 септември. Од Македонски железници – Транспорт информираат дека се направени првични разговори со турските железници за можно воведување на директен воз Скопје – Солун – Истанбул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи
-
Путин: Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД, но не на сметка на руските интереси
-
Дурмиши: Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат
-
Вонредно изборно собрание на ФФМ, Омерагиќ единствен кандидат
-
Хеликоптер на брза помош се урна во Турција, при што загинаа четири лица
-
Во израелските напади загинаа 17 Палестинци во Газа, соопштија локалните медицински лица
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Руското Министерство за одбрана извести за 42 соборени украински беспилотни летала во текот на ноќта