-->
-->
На Јовиќ му се заканува 6-месечен затвор!
-->
Напаѓачот на Реал Мадрид Лука Јовиќ е обвинет за кривично дело непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата, прецизираа од обвинителството за Танјуг.
Со обвинението, обвинителството му предложи на судот Јовиќ да биде осуден на шест месеци затвор.
Кривичната пријава против Јовиќ беше поднесена во текот на првата недела по воведувањето на вонредната состојба, откако тој требаше да помине две недели во самоизолација по враќањето во Белград, што не го стори.
Обвинението се појави затоа што фудбалерот не се согласил на можноста - отфрлање на кривичната пријава, со исплата на 3,5 милиони динари.
Обвинителството најави дека ќе објави повеќе детали за овој случај во петок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата