На интернет објавени наводно податоци за речиси 50 милиони Турци
Хакери на интернет објавиле податоци кои наводно содржат лични информации за речиси 50 милиони турски државјани, објавија турските медиуми, повикувајќи се на информација на американската агенција АП.
Агенцијата наведува дека само делумно успеала да ја потврди автентичноста на оваа информација, објаснувајќи дека ги проверила податоците на 10 лица и било утврдено дека за осуммина тие се точни.
Во базите на податоци се наоѓаат 49.611.709 информации, како што се броеви на лични карти, домашни адреси, датуми на раѓање и имиња на родители.
Медиумите наведуваат дека тука се наоѓаат и податоци за турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, неговиот претходник Абдулах Ѓул и за премиерот Ахмет Давутоглу.
Хакерите оставиле и порака: „Кој би можел да замисли дека заостанатите идеологии и зголемениот верски екстремизам во Турција можат да доведат до распаѓање на техничката инфраструктура?“.
Турските официјални претставници засега не ги коментирале ваквите наводи.
Ново на Сител
-
Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни
-
АСО: Неоправдано е поскапувањето на полисите
-
Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично
-
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
СПМ: Вториот круг претседателски избори ќе базира на резултатите од првиот
-
Мицотакис: Грција нема да испрати во Украина системи С-300, ниту „Патриот“
-
Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија