На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 873 пациенти, слободни кревети има
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 873 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болни, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 128, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 69 пациент, во Кочани 18, во Кичево 21, Кавадарци 46, во Гевгелија 16 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1296 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Ново на Сител
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија
-
Детска Клиника преполна со болни деца од респираторни инфекции
-
Дурмиши: Нема да се толерира картелско здружување на ланците маркети
-
Електронски ќе се вади уверение за остварен доход
-
Почнуваат карневалските денови
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања