-->
-->
На ГП „Табановце“ се чека околу половина час
-->

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен. На ГП „Табановце“ чекањето е околу половина час за излез од државата.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Шпанија со пресврт ја победи Хрватска
-

Во ЕУ ќе се разговара за сомневањата за појава на чума во Сибир
-

Трамп: Никој не знае кој управува со Иран
-

Шведската полиција застрела вооружен маж пред Кралската палата во Стокхолм
-

Киев рано утрово повторно цел на руски напади со ракети и дронови
-

Седница на Судски совет, на дневен ред донесување нов Деловник за работа
-

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
