Македонија
1. April 2023 - 11:03

На ГП Табановце пронајдена поголема сума непријавени пари кај Турчин

Пронајдена поголема сума на пари кај Турчин на граничен премин Табановце.

- На 31.03.2023 на Граничен премин Табановце од страна на полициски службеници од Полициска станица Табановце е извршен преглед на патничко возило „порше кајен“ со романски национални ознаки, управувано од Ј.О.(60) од Република Турција, информира МВР.

Како што информираат оттаму, при прегледот во возилото се пронајдени и одземени непријавени парични средства во износ од 31.000 евра.

Паричните средства се предадени на Царинска управа, а лицето е предадено и задржан за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок, информираат од министерството.