На ГП Делчево фатени три лица со лажни ПЦР тестови
Двајца турски државјани и еден виничанец се лишени од слобода, откако на граничниот премин Делчево приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови. По утврдувањето на фалсификатот, како што стои во соопштението од МВР, лицата биле предадени на Одделот за прекуграничен криминал при Регионалниот центар Исток со седиште во Делчево.
На 24.02.2021 вo 21.30 часот на Граничен премин „Делчево”, полициски службеници ги лишиле од слобода М.Д.(20) од Виница и Г.Е.(28) и Ф.Ц.(30), двајцата од Република Турција, затоа што на увид приложиле негативни ПЦР тестови за кои, по извршени проверки, било утврдено дека се фалсификат. Лицата биле придадени на инспектори од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Исток, сдевели в осоопштението од полицијата.
Како што додаваат оттаму, за лицата врз база на утврдениот фалсификат ќе биде поведена понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД
-
Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули
-
Трамп за Би-Би-Си: Разочаран сум од Путин, но сè уште не сум се откажал од него
-
Десеттина пелагониски села без вода
-
Мерц: Германија ќе одигра одлучувачка улога во испораката на американско оружје на Украина, преку НАТО
-
Конференција „Финансиска отчетност на изборите“ во организација на ДЗР
-
Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп за подготвеноста да ја поддржи Украина