На ФИНКИ запишани рекордни 930 студенти

Рекордни 930 студенти се запишале оваа година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство-ФИНКИ што е зголемување за 13 проценти во однос на лани.
Студентите денеска својот прв свечен час го одржаа во хотелот „Александар Палас“ во присуство на премиерот Зоран Заев, министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевски, кои на најдобрите ученици што успеале да се запишат со стипендија им доделија индекси.
- Драго ми е што оваа година на ФИНКИ се запишаа рекорден број од над 900 студенти што е зголемување за 13 проценти во однос на лани, рече премиерот Заев во обраќањето пред присутните.
Напомена дека ИТ-индустријата е највисоко растечка во светот и оти младите во Македонија го препознаваат тоа.
Заев истакна дека на ФИНКИ на младите им се нуди високо квалитетно образование и додаде оти е важно што оваа образовна институција им овозможува на студентите постојан контакт со професионалци од информатичката индустрија.
Потсети дека според статистичките податоци за јуни просечната плата на компјутерските инжинери во Македонија достигнала илјада евра, што го оцени како мошне позитивно за вкупниот економски развој на земјава.
- Нашата држава наместо да извезува квалитетни кадри, да почне да извезува квалитетни производи создадени тука, порача премиерот Заев на првиот свечен час.
Пред студентите и гостите се обрати ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, кој истакна оти следната година се одбележуваат 70 години од формирањето на Универзитетот.
- Денешниот ден ќе биде забележан во календарот на вашиот живот, станувате дел од реномираното семејство на УКИМ, најреномираниот и најстариот универзитет. Предизвиците со кои се соочувате да не ги гледате како пречка, туку како штимул за стекнување поголемо знаење, рече Јанкулвоски.
Тој посочи дека оваа година на УКИМ младите имале можност да се запишат на 186 студиски програми и рече дека еден од приоритети на Универзитетот е неговата интернационализација. Ја спомена Еразмус плус студиската програма преку која оваа година на повеќе наши студенти им се дава можност за стажирање во компании во земји од Европската Унија.
Министерот Манчевски рече дека тој на УКИМ се запишал 1996 година и оти верува дека студиите на овој факултет се мошне исплатливи. Во контекст на тоа додаде дека е уверен оти студентите ќе успеат со оглед на значењето на технологијата што забрзано се развива во животот на сите нас.
- Најважно е ако отпатувате да се вратите. Со оглед на тоа што сте запишани на овој факултет ќе имате големи шанси да заминете во текот на студиите, но најпрвин ве молам пробајте тука, им порача Манчевски на студентите.
Деканот на ФИНКИ, Иван Чорбев им поскаа средечно добредојде на првиот час на новите академски граѓани на, како што рече, најголемиот електротехнички факултет во ЈИЕ.
Чорбев напомена оти оваа година на ФИНКИ се запишале ученици со високи резултати постигнати во претходното образование и им порача дека тие се креатори на новите чуда на 21 век со кои земјава ќе се гордее.
Ново на Сител
-

Приведен 76-годишен маж од Гостивар, возел мопед без дозвола
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка
-

Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици
-

Израелската армија уби бебе во Западен Брег
-

САД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со ебола
-

Песков за односите Русија – САД: За танго потребни се двајца
-

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност
-

Руската противвоздушна одбрана пресретна 86 дронови над Санкт Петербург
