На две грчки пристаништата откриена дрога со вкупна вредност од над четири милиони евра
Во два одвоени случаи, на пристаништата во Игуменица и Пиреа, Крајбрежната служба на Грција открила и запленила кокаин, канабис и метамфетамин со вкупна вредност што се проценува на над четири милиони евра, а биле уапсени три лица, од кои двајца вработени на едно од пристаништата, јави дописничката на МИА од Атина.
Во првиот случај, на пристаништето во Игуменица, со помош на куче-душкач била извршена проверка на камион што пристигнал од Италија и биле откриени 34 кутии со 292 херметички затворени пластични кеси со суров канабис со вкупна бруто-тежина од 317 килограми, 14 пластични пакувања со 16,8 килограми кокаин, две кеси со 25 килограми кристален метамфетамин и четири пластични садови со по 20 литри ацетон што се користи за растворање наркотици.
Возачот бил уапсен, а според крајбрежната служба на Грција, вредноста на одземената дрога се проценува дека надминува три милиони евра.
Вториот случај е на најголемото грчко пристаниште Пиреа во Атина, каде што биле откриени 26 килограми и 492 грама кокаин што пристигнал од Еквадор во контејнер со банани, додека пак уапсени се две лица, според грчките медиуми, вработени на пристаништето кои украле дел од конфискуваната дрога.
Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека двајцата уапсени се членови на криминална организација со меѓународен карактер, кои олеснувале увоз и трговија на кокаин со потекло од Јужна Америка, преку конкретното пристаниште, а ги искористиле нивните позиции и пристапот до контејнерот за да ја пренесуваат дрогата.
Вредноста на запленетиот кокаин е околу еден милион евра.
Ново на Сител
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино
-
Манчестер јунајтед планира да изгради нов стадион
-
Лишени од слобода 11 лица, злоупотреба на службена положба и перење пари
-
Таравари: Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“
-
Вработените во РТС им се обратија на студентите и ги повикаа колегите да излезат надвор
-
Полска уапси Украинка осудена за продажба на 56 бубрези
-
Променливо и нестабилно време со повремен дожд во наредните денови