На автобус му откажале кочниците, не застанал на ниту една станица
Утрово автобус со бројот 58 кој тргнал од Добри Дол во правец на транспортен центар изгубил кочници полн со патници, дознава КУРИР.
Автобусот се движел брзо по удолниот пат Сопиште- Припор и не застанал на ниедна постојка, велат сведоците.
Тие додаваат дека сите патници во автобусот биле во паника, но за среќа кочниците почнале да функционираат при крајот на Припор.
Од ЈСП за Kurir.mk го потврдија настанот додавајќи дека станува збор за технички проблем на возилото МАН чие што црево за воздух од системот за кочење пукнал при возењето.
- На (15.10.2019 година) околу пладне, имало технички проблем со возило МАН кое сообраќало на редовната приградска линија 58 (Транспортен центар- Добри дол). Случајот е регистриран во нашата внатрешна контрола. Возилото кога се вклучило на линија во редовен сообраќај било технички исправно, но, во текот на возењето, пукнало цревото за воздух од системот за кочење. Возачот реагирал присебно, на последна постојка 24 ги замолил патниците да се симнат од автобусот со образложение дека возилото се расипало. Во меѓувреме, било испратено заменско возило, како редовната линија би продолжила да сообраќа непречено, стои во одговорот од ЈСП.
Ново на Сител
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам