На аукција ставени дресовите на Меси од СП во Катар
Комплет од шест дреса коишто ги носеше Лионел Меси на Светското првенство во Катар минатата година, кога Аргентина ќе ја освои титулата, ќе бидат ставени на продажба на аукција која ќе започне кон крајот на месецов, објави денеска аукциската куќа „Сотбис“, која вредноста на дресовите ја процени на повеќе од 10 милиони долари.
Дресовите кои се ставени на продажба се од мечевите на Меси од групната фаза против Саудиска Арабија и Мексико, потоа во осминафиналето против Австралија, во четвртфиналето против Холандија, во полуфиналето пртив Хрватска и во финалето против Франција.
Аукцијата ќе започне на 30 ноември и ќе трае до 14 декември и ќе се одвива преку интернет, а дресовите ќе бидат изложени во седиштето на Сотбис во Њујорк, САД.
Во аукциската куќа се надеваат дека дресовите ќе се продадат за повеќе од 10 милиони долари, со што би биле најскапопродадена колекција на дресови во историјата.
Најскапиот дрес кој е продаден на аукција е тој на Мајкл Џордан што го носеше на неговиот последен меч од големото НБА-финале во 1998 година. Минатата година, аукционер за дресот на Џордан плати 10,1 милион долари.
Ново на Сител
-
Нема да има публика на натпреварите од 17. и 18. коло во ПМФЛ
-
Поевтинуваат горивата
-
ЕХФ го казни Пелистер
-
Повеќе од 25 возила меѓу кои трудници и мали деца заглавени во Леуново | ФОТО
-
Фискалниот совет предлага зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години
-
Сообраќајот во зимски услови, на Ѓавато магла со видливост од 200 метри
-
До крајот на денов променливо облачно со сончеви периоди, од среда дожд
-
Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска поднесе неотповиклива оставка