На „Ало докторе“ за една недела 1.436 повици
На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ во изминатата недела (од 25 јули до 31 јули) имало 1.436 повици.
Здравствен дом Скопје соопшти дека од 15 септември 2014 година кога започна да работи телефонската линија, досега, имало 105.773 повици.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата се со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни, респираторни симптоми, главоболки, алергиски реакции и симптомна болка.
На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
Ново на Сител
-
Цените на угостителските услуги во јануари на годишно ниво повисоки за 5,8 отсто
-
Каматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки остануваат непроменети
-
Стабилно време со студени утра во наредните денови
-
При претрес кај 20-гoдишник пронајден калашников
-
Автомобил удрил во 66-годишна жена, завршила со тешки телесни повреди
-
ЈО: Претреси на повеќе локации - сомнежи за мито и проневери во службата
-
Акција: МВР врши претрес во зградата на МВР
-
Приведен екс директорот на СОЗР - се вршат претреси во неговиот дом