На „Ало докторе“ за една недела 1.376 повици

На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ во изминатите седум дена (од 22 август до 28 август) имало 1.376 повици.
Здравствен дом Скопје соопшти дека од 15 септември 2014 година кога почна да работи линијата, досега, имало 110.578 повици.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
Повиците се со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, зголемена телесна температура, стомачен вирус, алергиски реакции и симптомна болка.
На линијата „Ало докторе“ често се јавуваат граѓани за совети поврзани со терапијата која редовно ја примаат за хроничните болести и за симптоми поврзани со крвен притисок.
На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
Ново на Сител
-

Николоски: Железницата Бељаковце - Крива Паланка е инженерско чудо | ВИДЕО
-

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион
-

Пожарот во Штип изгаснат
-

Во Собранието ќе заседаваат седум комисии
-

Трамп изјави дека САД воделе „тајна мисија“ за да ја одржат отворена Ормуската Теснина
-

СЗО: Европа мора подобро да го заштити населението од екстремните горештини
-

Топло време, приквечер се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер
-

Македонските ракометари во група со силни противници на Светското 2027
