На „Ало докторе“ досега 46.500 повици

Скопје, 10 август 2015 (МИА) - На телефонската линија 02/15123 за медицински совет „Ало докторе“ од 15 септември, кога почна да работи, до вчера имало 46.500 повици.
Здравствен дом Скопје соопшти дека минатата недела на линијата за медицински совет се јавиле 1.013 лица.
Јавувањата во последната седмица се со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, стомачен вирус, совети за убоди од инсекти и симптом на болка.
Најчесто се јавуваат граѓани за совети поврзани со терапијата која ја примаат за хроничните болести, висок крвен притисок и дијабет.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето. Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
На сите лица кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.
Ново на Сител
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
-

Пожарите не стивнуваат: Пламените јазици кај месноста Рамно, нов предизвик за скопските пожарникари
-

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт
-

Се зголемува бројот на семејно насилство, институциите не можат да направат навремена проценка на случаите
-

Портокалово предупредување, висок пожарен ризик
