На „Ало докторе“ досега 43.177 повици

На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“, од 15 септември минатата година до вчера, се јавиле 43.177 лица.
Од Здравствен дом Скопје соопштија дека од 13 јули до 19 јули за медицински совет на линијата имало 1.113 повици.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
На сите оние лица кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија. Јавувањата во последната седмица се со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за главоболки, стомачен вирус, зголемен крвен притисок и симптомна болка.
Поради високите температури на линијата многу често се јавуваат граѓани за совети и препораки поврзани со топлото време, за совети за убоди од инсекти, заштита од сонце и совети околу терапијата за хронични болести.
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
