На „Ало докторе“ 1.113 повици за една недела
На телефонската линија „Ало докторе“ (02/15 123) во изминатата недела се регистрирани 1.113 повици. Медицински совет од отворањето на линијата на 15 септември 2014 година досега добиле80.478, соопшти денеска Здравствен дом Скопје.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.за медицински совет се достапни 25 доктори.
Од Здравствен дом Скопје информираат дека повиците се од граѓани од сите градови на Македонија. Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто за покачен крвен притисок, главоболки, сезонски настинки, симптомна болка, покачена телесна температура и совети поврзани со хронични болести.
На сите лица кои побараале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Новогодишен Дневник 2024
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
-
Спектакуларна прослава во Сиднеј
-
Трамп освои втор претседателски мандат