На 39 првачиња во Пехчево градоначалникот Тренчовски им подари училишен прибор
Со звукот на училишното звоно и официјално денеска во Пехчево се одржа првиот училишен час во Општинското основно училиште „Ванчо Китанов“. Новата учебна година во ова училиште ја започнаа 305 ученици, додека во училишните клупи за прв пат седнаа 39 првачиња.
Честитајќи им го првиот ден на училиште и посакувајќи им среќа и успех во учењето, градоначалникот Драган Тренчовски на сите првачиња им подари училишен прибор.
– Од денеска започнува вашата трка по знаења, во која од ден на ден ќе бидете се побогати и побогати. Првото училишно ѕвонче е само вовед во првата научена буква, првото напишано зборче, првата научена песничка, првата решена задача и уште многу други нешта. На тој начин ќе се стекнувате со нови знаења кои за вас ќе бидат од непроценливо значење. Затоа, бидете горди што тргнувате во училиште. Бидете горди што сте првачиња, истакна во својот поздравен говор пред првачињата, нивните родители и наставниците, Тренчовски.
По повод почетокот на новата воспитна година тој денеска ги посети и им посака среќна учебна година и на дечињата од детската градинка „7 Септември“, подарувајки им сликовници на сите детски групи во градинката.
Учебната година во Пехчево започна еден ден подоцна, поради вчерашниот предупредувачки штрајк на СОНК, како резултат на барањата за покачување на платите на просветните работници.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Венко Крстевски, независен советник и кандидат за в.д. градоначалник на Кочани
-
Притвор за четворица, куќен за шестмина ново осомничени за пожарот во Кочани
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во старата Градска болница
-
Во Вреди секој вреди, но кој ќе излезе ќе го изеде волкот
-
АХВ уништи небезбедно месо, јајца и бои за јајца
-
Неизвесен стартот и површините кои треба да бидат посеани со ориз
-
Објавен повикот за млади земјоделици - државата дава 10.000 евра
-
Кичевчани стравуваат за своето здравје - депонијата ги гуши