На 2,8 отсто намалена инфлацијата во Грција, но цените на прехранбените продукти остануваат висок
Годишната инфлација во Грција во месец мај дополнително се намалила и изнесува 2,8 отсто, меѓутоа цените на прехранбените производи остануваат високи, согласно официјалните податоците од грчката служба за статистика јави дописничката на МИА од Атина.
Инфлацијата се намалила за 0,2 проценти во споредба со еден месец претходно, но намалувањето се должи на падот на цените на нафтата, природниот гас и електричната енергија, со оглед на тоа што инфлацијата на прехранбените производи изнесува 11,6 отсто.
За една година, од мај 2022 до мај 2023 година цената на електричната енергија се намалила за 24,1 процент, на природниот гас за 49,6 отсто, а на нафтата за греење 20,7 проценти.
Меѓутоа зголемени се цените на основните продукти, односно млечните производи и јајцата се за 18 отсто поскапи, маслата и мастите за 15,8 проценти, кафето и чајот за 13,2 отсто, месото за 11,9 проценти, лебот и житните производи за 11,1 отсто, итн.
Инфлацијата во Грција во јануари годинава беше седум проценти, во февруари 6,1 отсто, во март 4,6 проценти, а во април три отсто.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
