На 16 април во Скопје хуманитарен натпревар ќе одиграат Вардар и Црвена ѕвезда

Поранешниот европски и светски фудбалски шампион Црвена ѕвезда и најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе одиграат хуманитарен пријателски натпревар.
Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски и директорот на Црвена ѕвезда, Звездан Терзиќ се договорија двата клуба да се сретнат во Скопје на 16 април.
– ФК Вардар изразува огромна благодарност до големите фудбалски пријатели и нивната армија од навивачи за овој бескрајно голем хуман потег. Двата клуба договорот ќе го потпишат во текот на утрешниот ден. Исто така изразуваме голема благодарност до легендата на Вардар и Црвена yвезда, Илија Најдоски, со чие посредништво е овозможен овој спектакл, објави синоќа ФК Вардар.
Средствата собрани од натпреварот ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.
На прес-конференција во текот на вчерашниот ден и селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ-Пикси предложи одигрување на хуманитарен натпревар меѓу Србија и Македонија за настраданите од трагедијата во која загинаа 59 лица а повеќе од 150 се повредени.
Ново на Сител
-

Серија пријави за семејно насилство во Скопје, Делчево и Штип за едно деноноќие
-

На ГП „Блато" приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница
-

Лажно се претставил како лекар и измамил 67-годишна жена за 12.400 евра.
-

Макрон, Мерц и Стармер го осудуваат „убиството на демонстранти“ во Иран
-

ЦУК: Обилните врнежи од дожд предизвикаа одрони, свлечишта и поплави на повеќе места во државава
-

Родригез: Венецуела ќе се спротивстави на агресијата на САД преку дипломатски средства
-

18 годишникот кој усмрти жена кај ТЦ Беверли Хилс заедно со неговиот татко избегал од државата
-

Партиите од Гренланд: Не сакаме да бидеме Американци
