МЗТ Скопје на чекор до 7-ма титула
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа само на еден чекор до освојување на седмата шампионска титула, откако вечерва, како гости, го совладаа големиот ривал Работнички (69-60) и поведоа со 2-0 во финалната плејоф-серија што се игра до три победи.
Клучно за победата беше фантастичната серија 12-0 во последната четвртина, во која МЗТ направи целосен резултатски пресврт и негативата од четири поени ја претвори во позитива од 62-54, што се покажа како доволно за конечен успех иако противникот имаше двоцифрена предност (11-21).
Дамјан Стојановски одигра капитенски и со 16 поени и 10 скока беше најефикасен во победничкиот тим. Тој постигна дури осум поени во клучната серија на крајот која го донесе посакуваниот триумф за гостите . Иве Иванов средбата ја заврши со 10 поени и девет скока, а двоцифрен поентерески ефект имаше и Лестер Медфорд со 10 поени. Предраг Самарџиски и Марко Симоновски постигнаа по девет, а Џејмс Вудард седум поени.
Првата можност за прослава на седмата титула МЗТ ќе ја има веќе задутре, кога ќе се одигра третиот финален меч и тоа во „Јане Сандански“.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто