-->
-->
МЗТ Скопје гостува кај Хелиос во дербито на колото
-->
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го игра седмиот натпревар во регионалната АБА2 лига
Во дербито од 7.коло аеродромци ги очекува тешко гостување во Словенија кај екипата на Хелиос, тим кој е веднаш зад МЗТ на третото место на табела со една победа помалку од македонскиот шампион.
Тренерот на Ѓорѓи Кочов, смета дека противникот има тим кој важи за фаворит во овој меч, но и дека МЗТ ќе стори се да стигне до шестата победа.
„Против себе имаме противник кој сезонава може да се пофали со одличен состав, кој игра добро во транзиција и кој е агресивен во одбраната. Хелиос сигурно е фаворит бидејќи игра на домашен терен, но за тоа кој ќе победи на оваа средба се прашуваме и ние. Се надевам дека ќе се прикажеме во вистинско светло и дека ќе дојдеме до посакуваната цел“, изјави Кочов.
Натпреварот во Домжале меѓу Хелиос и МЗТ Скопје се игра вечерва од 19 часот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена