-->
-->
МЗТ Скопје го доби вечното дерби против Работнички
-->

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром го доби дерби дуелот против „лутиот“ ривал Работнички со 74-70 во рамките од 16.коло на Првата лига.
Целиот меч кој се играше во „Градски парк“, мина во голема борба за секоја топка, а како резултат на таквата игра ниту еден од тимовите не успеа да направи поголема предност.
Гостите од Аеродром ги добија првите три периоди (18-16, 21-19 и 21-19), а домаќините само последниот (16-14), што беше доволно МЗТ да се радува на победа.
Во победничката екипа четворица играчи имаа двоцифрен број на поени. Најефикасен беше Иве Иванов со 22 поени (9 скокови), Предраг Самарџиски оствари дабл-дабл учинок со по 16 поени и скокови, Лестер Медфорд броеше до 13, а Дарко Соколов средбата ја заврши со 10 постигнати поени.
Кај Работнички, Бојан Крстевски со 19 поени беше најефикасен, а го следеше ветеранот Димитар Мираковски кој покрај 18 поени имаше и 10 асистенции, додека Марјан Јаневски придодаде 10 поени.
За актуелниот првак Работнички ова беше вториот пораз сезонава, па со скор 13-2 тимот од „Градски парк“ е на делба на второто и третото место со Блокотехна која утре гостува кај Гостивар. Со денешната победа, но и еден натпревар повеќе МЗТ Скопје има скор 14-2 и е лидер на табелата.
На останатите натпревари одиграни денеска, беа постигнати следниве резултати: АВ Охрид - Фени Индустри 86-101, Вардар - Шкупи 118 – 59 и Куманово - Пелистер 87-75
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран собори борбен авион Ф-35 со нов одбранбен систем
-

Уапсена жена од с. Скудриње, барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци
-

Во недела поради улична трка во Скопје посебен режим на сообраќај
-

Во НП Маврово поставени 60 камери за видеонадзор
-

Дожд уште утре, а потоа сончево и топло
-

Австралиски служби откриле ИП адреси од Македонија - кај битолчанец вработен во образование пронајдена детска порнографија
-

Велигденска порака на скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов
-

Израелско МЗ: 148 лица хоспитализирани поради повреди од војната во последните 24 часа
