МЗТ Скопје ангажира двајца Американци
Двајца Американци се новите засилувања за македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром.
Од таборот на сино-белите информираа дека бековите, Седрик Расел (24 год, 188 см) и Ејасу Ворку (24 год, 188 см).
Расел зад себе има пет одлични години во елитната дивизија од НЦАА-лигата, од кои четири во дресот на Луизијана универзитетот. Тој лани настапуваше за српскиот прволигаш Тамиш, каде просечно реализираше 16,2 поени со 2,4 скока и 2,3 асистенции.
Ворку, пак, е добро познат на македонската кошаркарска јавност. Тој пред две сезони настапуваше за екипата на Гостивар со просек од 16,8 поени, 5,1 скока и 7,2 асистенции. Европската авантура ја почна пред три години во хрватскиот тим Забок, за потоа да направи трансфер во Задар, каде што остави повеќе од солиден впечаток.
Со ова бројката на потврдени играчи на МЗТ Скопје за следната сезона сега е девет (9).
Вчера и завчера беа промовирани Душан Танасковиќ и Марко Баковиќ, односно Марин Петков и Марко Миловановиќ, а договорите беа продолжени со браќата Стојановски и Андреј Андоноски.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка