-->
-->
МЗТ ја освои титула во кошаркарското првенство по чисти 3-0 против Работнички
-->
МЗТ Скопје Аеродром вечерва го совлада Работнички со 85-78 (46-54) и по 3-0 во победи во финалната плејоф серија ја освои титулата во домашното кошаркарско првенство.
За „металците“ ова е седма титула во историјата, откако претходните шест ги освои во периодот меѓу 2012 и 2017 година.
Иако на полувреме губеа со осум разлика, избраниците на Ѓорѓи Кочов успеаја да одиграат одлична трета четвртина во СЦ „Јане Сандански“, која ја добија со 22-9, а во последната веќе целосно го скршија отпорот на тимот од „Градски парк“ и заслужено ја освоија титулата.
Иванов со 23 поени беше најдобар во победничкиот тим, а помош доби и од Медфорд со 16 поени. Костов и Чековски со 17 поени беа најпрецизни кај „црвено-белите“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење