МЗТ експресно најде замена за Тодоров
Српскиот тренер по потекло од БиХ, Жељко Лукајиќ е новиот тренер на македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје.
58-годишниот стратег кој има трофеј во АБА лигата од 2005 година доаѓа на местото на Тодоров кој беше сменет по поразот од Работнички во домашното првенство.
Најголемиот успех на Лукајиќ во кариерата му е освојувањето на титулата во Јадранската лига во 2005 година, како предводник на Хемофарм од Вршац.
Тренерската кариера ја почна во далечната 1986 година, во Фамос од Храсница. Потоа ги водел Игман, Железничар, Кикинда, а во сезоната 1993/1994, седеше на клупата на белградски Партизан со кого го осови Купот на СР Југославија. Потоа прејде во Боровица, па во солунски ПАОК и Војводина. Најдолго се задржа во Хемофарм, каде беше од 1998 до 2005 година.
После титулата во АБА лигата пред 12 години, тој две години паузираше, а во 2007 ја презеде Игокеа. Една сезона ги водеше бугарскиот Лукоил Академик (освои двојна круна), турски Универзитет Југра Сургут, па се врати во Хемофарм. Во 2012/2013 беше во Политехника Халичина во Украина, а последен клуб му беше Игокеа во 2014/2015.
Со Игокеа, Лукајиќ славеше во Скопје против МЗТ, а со Хемофарм, има пораз од МЗТ на еден пријателски меч во 2011 година.
Дебито како тренер на МЗТ, Лукајиќ треба да го има в недела, на дуелот со Морнар од АБА лигата. Тоа е натпревар кој македонскиот првак мора да го добие, и Лукајиќ ќе мора добро да го исконтролира притисокот кој го има врз неговите играчи.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора