МЗШВ: Продолжува целосната контрола од АХВ и на увозното и на домашното брашно
Евиденцијата на маркиците што се издаваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) за евидентирање на брашното пред пуштање во промет продолжува со целосна контрола од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, како на увозното, така и на домашното брашно, соопшти денеска МЗШВ.
Паралелно, Агенцијата за храна и ветеринарство преку инспекторските служби на граничните премини, континурано го следи увозот на производи и врши редовна контрола, со цел да се обезбедат безбедни увозни производи на македонскиот пазар.
- Во претстојниот период продолжуваат преговорите со Република Србија во насока на изнаоѓање решение од заеднички интерес во делот на контролните маркици, наведуваат од МЗШВ.
По вчерашната средба во Белград на македонскиот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и српскиот вицепремер и министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ беше соопштено дека од македонска страна е договорено како привремено решение да се работи на враќање на стариот правилник за контролните маркици за брашно, кој важеше до 7 февруари оваа година. Но, како што наведоа во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот Анѓушев, во тој случај, при увозот на брашно треба да се овозможат услови за непречен инспекциски увид на увозното брашно од страна на инспекторите на македонската Агенција за храна и ветеринарство на граничниот премин. Со тоа ќе се контролира дали маркиците се соодветно залепени на брашното и дали брашното има соодветна деклариција.
Со двата договора од областите безбедност на храна и фитосанитарна соработка, што треба да ги потпишат Македонија и Србија до 30 јуни годинава, треба да се овозможи на српскиот пазар да се продаваат македонски јогурт и кисело млеко. Како производи со краток рок за користење воопшто не можеа да се појават на пазарот во Србија поради долгиот период на чекање на граница.
Со договореното признавање на меѓусебните сертификати, пак, ќе престане двојното земање примероци и анализа на прехранбените производи. Тоа во голема мера треба да ги намали дополнителните и непотребните трошоци со кои се соочуваат компаниите извозници од двете држави. При извозот на македонските преработки од месо двојно ќе се намалат цените за лабораторските испитувања.
Анализата во акредитирана лабораторија во Србија просечно е околу 500 евра, а кај нас лабораториската анализа која со договорот ќе биде признаена од Србија, изнесува 200 евра. Дополнително, времето за чекање кое сега просечно изнесува од 10 до 12 дена за добивање на лабораториска анализа, со договорот ќе се сведе само на време за транспорт, односно на ден.
Ова, укажува ресорното Министерство, важи и за другите производи кои се извезуваат во Србија, а за кои досега се правеле лабораториски анализи.
Со потпишување на договорот за фитосанитарна соработка, македонските извозници на градинарски култури резултатите од анализите ќе ги добиваат за ден, а не како досега за два до три дена. Со тоа лесно расипливите градинарски производи на српскиот пазар ќе стигнуваат многу побрзо, свежи и со поконкурентна цена.
Дополнително, со меѓусебното признавање на договорот, ќе се намалат трошоците на македонските извозници во однос на анализите. На пример анализите за јаболка во Србија чинат 4.025 денари, а во Македонија 965 денари.
На состанокот на Анѓушев и Љаиќ е договорено да биде формирана мешовита работна група, во која ќе членуваат претставници од кабинетите на вицепремиерите и од стопанските комори. Тоа тело ќе треба секојдневно да комуницира за решавање на сите идни отворени прашања во трговијата помеѓу Македонија и Србија.
Ново на Сител
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош
-
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-
Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа
-
Преку лажен мејл наводно од ФЗО на граѓани им ветувале исплата на пари ако кликнат на одреден линк
-
Исус покренат со вештачка интелигенција во црква во Швајцарија
-
Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување
-
Тепачка помеѓу пратениците од власта и опозицијата во српското Собрание | ВИДЕО
-
Ана де Армас во врска со посинокот на контроверзниот претседател на Куба