МЗШВ: Нови 97 милиони евра неповратна помош, над 60 отсто поголема ЕУ поддршка

Нови 97 милиони евра неповратни средства издвојува Европската Унија преку ИПАРД 3 програмата. Тоа претставува зголемување за 62 отсто споредено со ИПАРД 2 кога земјава доби на располагање 60 милиони евра, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Ова, како што е посочено во соопштението, е своевидно признание за Република Северна Македонија и земјоделските политики кои ги води Владата, особено земајќи ја предвид статистиката која бележи огромна, односно 97 отсто искористеност на средствата од ИПАРД програмата со што стануваме земја-лидер во целиот регион.
-Вкупниот инвестициски циклус во македонското земјоделство само со ИПАРД 3 програмата изнесува високи 210 милиони евра. Покрај овие 97 милиони евра неповратни средства од ЕУ, тука влегува и кофинансирањето од страна на МЗШВ во висина од дополнителни 31 милион евра, како и 82 милиони евра инвестициски средства од страна на домашните корисници на оваа програма, се наведува во соопштението од МЗШВ.
Поддршката која како земја ја добиваме од Европската Унија, како што се наведува во соопштението, е значајна за развојот на македонското земјоделство, а успешната реализација на европските земјоделски програми уште еднаш ја потврдува посветеноста и решителноста на МЗШВ и Владата во процесот на интеграција и полноправното членство во Унијата.
-Набавка на нова опрема, изградба или проширување на производствените капацитети, поддршка за туризмот и руралниот развој се само дел од проектите кои се поддржуваат во рамки на ИПАРД програмата. Покрај развојот и модернизирањето на македонското земјоделство, поддршката која се добива од ИПАРД влијае во подобрувањето на економијата на државата и намалување на невработеноста преку отворање на нови работни места, посочуваат од МЗШВ.
Ново на Сител
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми
