МЗШВ: Европската комисија нема суспендирано средства од ИПАРД III програмата

Опозицијата денеска преку свои соопштенија и изјави се обидува да ја манипулира јавноста. Европската комисија нема донесено одлука за суспензија на средствата од ИПАРД III програмата, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
-На состаноците со претставниците на Европската комисија беше најавено преземање дополнителни контроли во делот на веќе завршените предмети. По завршувањето на проверките и контролите од страна на надлежните институции, реализацијата на ИПАРД III програмата ќе продолжи без застој. Напоменуваме дека Македонија останува посветена на искористување на фондовите, во таа насока говори и фактот дека во моментов во регионот во реализација на ИПАРД III програмата, имаме искористеност од 7,3 проценти, што е добро во опкружувањето, веднаш после Турција, нагласуваат од МЗШВ.
Посочуваат дека ниту еден земјоделец нема да биде загрозен во однос на користењето на средствата од ИПАРД III програмата.
-Република Македонија е посветен партнер во спроведување и реализација на ИПАРД Програмата и затоа апелираме до опозицијата да се воздржи од неосновани коментари и дезинформации, во интерес на заштита на угледот на државата пред меѓународните институции, нагласуваат од МЗШВ.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
