МЗШВ: Активно се работи за подигнување на електронскиот систем, базата на Mинистерството е сигурна
![]()
Вработените во секторот за информатички технологии на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) активно работат за целосно отстранување на проблемот во електронскиот систем поради хакерскиот напад што се случи на 12-ти овој месец. Поради превенција, во моментот системот е делумно подигнат, односно како се отстрануваат проблемите етапно системот се чисти и се враќа во фунцкија, соопшти МЗШВ.
Оттаму упатуваат извинување до граѓните поради неможноста навремено и брзо да ги вршат услугите, а дополнително МЗШВ ќе ја информира јавноста за отстранувањето на проблемот и повторното подигнување на системот.
Како што наведуваат од МЗШВ, електронскиот систем на МЗШВ на 12-ти овој месец беше цел на хакерски напад од меѓународна хакерска група „Black Byte“. Нападот предизвика блокирање на редовниот работен процес во Министерството и оневозможување на тековните работни процеси.
– МЗШВ уште дента на нападот веднаш ги извести граѓаните, а траснпарентно изминативе денови даде одговор на сите новинарски прашања поврзани со хакерскиот напад, соопшти Министерството.
Нападот, како што посочуваат, е пријавен во Министерството за внатрешни работи за понатамошно истражување и постапување, а превентивно поради сериозноста на нападот времено вон функција биле ставени сите системи на Министерството.
– Со нападот извршено е оштетување, односно декриптирање на податоци од офис документи (word, excel, pdf), додека пак апликациите на Министерството како на пример ЕРЗС системот, ФАДАН, системот за идентификација на земјоделски парцели и други апликации не се оштетени од овој напад, но превентивно веднаш по нападот беа исклучени и сега повторно се активни. Исто така архивата на министерството е оспособена и истата работи, ниту еден документ не е исчезнат или оштетен, посочуваат од МЗШВ.
Ново на Сител
-

Нови ограничувања за казината: Забрана за реклами, да се оддалечат на пола километар од секое училиште
-

Познат идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп - Градско
-

Трамп: САД се обидоа да испорачаат оружје за иранскиот народ, но Курдите нè изневерија и го задржаа за себе
-

Од утре граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување на мотоцикл до 125cm³ во автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија
-

Повторно активен пожарот кај Штип, зафатени викендици, повредено едно лице
-

Судење за „Пулс“: Обвинителството презентираше докази за агенцијата „Рубикон“, одбраната тврди дека тие ја докажуваат законитоста на фирмата
-

Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг
-

Четиринаесет-месечно дете од Куманово затруено со средство за чистење
