МЖСПП: Општините да ги идентификуваат сите диви депонии, да спроведат детални контроли

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) дадоа препорака до општините да спроведат детални контроли и да ги идентификуваат сите диви депонии и нерегистрирани локации за отпад, како и да изготват планови за нивно систематско отстранување.
Од МЖСПП соопштуваат дека нивните очекувања се општините да превземат мерки во насока на унапредување на состојбата со управувањето со отпад и заштитата на животната средина, додека, пак, Државниот инспекторат за животна средина итно да преземе активности поврзани со контролата и управувањето со депониите на територија на целата држава.
– Во таа насока, се препорачува формирање работни тимови за теренска проверка и геолокациско мапирање, воспоставување соработка со инспекциските служби за утврдување на одговорност, изработка на извештај за состојбата со дивите депонии кој во рок од 60 дена ќе биде доставен до Министерството, како и спроведување информативни кампањи за подигање на јавната свест кај граѓаните за правилно постапување со отпадот, се наведува во соопштението на МЖСПП.
Државниот инспекторат за животна средина, велат, е задолжен да спроведе вонредна инспекциска контрола на сите постојни депонии и нерегистрирани локации на територијата на државата.
– Контролата треба да опфати проверка дали депониите работат во согласност со издадените дозволи и еколошките стандарди, утврдување на евентуално незаконско депонирање или неправилно управување со отпадот, како и преземање на мерки за санација и санкционирање во случаи на утврдени прекршувања, велат оттаму.
Активностите, додаваат, се во насока на обезбедување и усогласување со законските обврски, превенција од загадување на животната средина и заштитата на здравјето на граѓаните, со цел создавање чиста, безбедна и одржлива животна средина.
МИА
Ново на Сител
-

Нова номинација за македонскиот филм „Силјан“ - за продуцент/и на документарен филм, на престижните „ПГА“ награди
-

Седумдесет и девет години од основањето на УНИЦЕФ
-

Граничните премини Евзони и Ники и денеска затворени на неколку часа
-

Свечено отворен Лекторат по македонски јазик на Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра, Словачка
-

Привeдeн нaвивaч oд Словачка, 10 лица биле вратени нaзaд поради агресивно однесување вo aвиoн
-

Најстудено утрово е во Битола, најтопло во Крушево
-

Сабаленка нема да го промени своето спортско државјанство
-

САД отфрлија некои обвиненија во случајот за корупција во ФИФА
